По само три дена минати во топлата Анталија,есенскиот шампион ги одмери силите со полскиот тим Видзев Лоѓ.
Шефот на стручниот штаб Сергеј Андреев на овој воведен меч се одлучи за еден комбиниран тим,воедно во ова прво полувреме шанса им даде на играчите кои недобиваа голема минутажа во есенескиот дел.
На овој меч свое деби имаше и Талалај кој извесен период ќе мине на тестови во ФК Вардар.
Првиот дел се играше со иницијатива на нашиот тим,со неколку полушанси но резултатот по првиот дел беше 0:0
Во вториот дел како и што беше најавено,целиот ростер на играчите беше заменет,со нови 11 мина.
Вардар тргна добро со неколку добри шанси,па така првиот гол дојде во 61 минута каде по една акција на новајлиите Попов го проигра Блажевски кој стрелаше за деби гол во црвено – црниот дрес и 1:0
После постигнатиот гол Вардарци свесно се повлекоа и му дадоа простор на противникот да игра со топка,
Но полскиот тим имаше само неколку полушански за гол.
Кон крајот на натправарот одлична топка доби Филип Ивановски кој од непосредна близина го матираше противничкиот голман за 2:0 и конечен резултат.
По овој меч љубителите на фудбалот и ФК Вардар можеа да бидат задоволни од играта,и постигнатата воведна победа на овие подготовки во Анталија.
Фото:фквардар.мк
24/01/15