Saturday ,27 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Младински лиги > Филип Арсеновски за Вардарфанс:Заслужено го освоивме првото место.
Филип Арсеновски за Вардарфанс:Заслужено го освоивме првото место.

Филип Арсеновски за Вардарфанс:Заслужено го освоивме првото место.

Младинците на Рк Вардар на убедлив начин го освоија првото место на турнирот Вардар-“еден живот,една љубов“ кој беше во организација на ракометниот клуб Вардар.

Во сите натпревари забележаа големи победи:

1.Рк Вардар-Рк Младост Јуниор 34:19
2.Рк Вардар-Рк Метрополис 30:20
Финале:Рк Вардар-Рк Ѓорче Петров 41:18

-Како член на ракометниот клуб Вардар веќе пет години сум учествувал на многу турнири,но за прв пат година учествував на турнир организиран од мојот матичен клуб.За беспрекорната ораганизација на овој турнир изразувам голема благодарност до организаторите,пред се до господинот Сергеј  Самсоненко и директорот Давор Стојановски како и до сите други кои ни овозможија да го покажеме и докажеме нашиот талент.Под водство на нашиот тренер Стојан Петрушевски и со огромното залагање на моите соиграчи успешно ги поминавме сите пречки и заслужено го освоивме првото место.

За најдобар пикер на турнирот беше избран Филип Арсеновски.

-Бев прогласен за најдобар пикер.Се чуствувам горд на освоената награда и се надевам дека ги оправдав очекувањата и довербата од мојот клуб.Горд сум что сум член на клуб со долга историја,и се надевам дека еден ден ваква награда ќе добијам и како дел од првиот тим на Вардар,изјави Филип Арсеновски за нашиот сајт.

22.01.2015

Звонко Ивановски

Leave a Reply