Избраниците на Стојан Петрушевски го освоија првото место во својата генерација на турнирот Вардар-“еден живот,една љубов“ .Турнирот се играше во периодот од 14-18 јануари на три локации во четири сали во Скопје: во двете сали во СЦ „Јане Сандански“, во СРЦ Кале и во ОУ „Круме Кепески“ во Кисела Вода.
Учество земаа вкупно 75 екипи од 21 ракометна школа од Македонија.
Младинците на Рк Вардар без поголеми проблеми ги совладаа своите противници,забележувајќи ги следниве резултати:
1.Рк Вардар-Рк Младост Јуниор 34:19
2.Рк Вардар-Рк Метрополис 30:20
Финале:Рк Вардар-Рк Ѓорче Петров 41:18