Friday ,26 April 2024
Последни:
Home > Uncategorized > Алија Амзоски за Вардарфанс:Впечатоците од турнирот се позитивни.
Алија Амзоски за Вардарфанс:Впечатоците од турнирот се позитивни.

Алија Амзоски за Вардарфанс:Впечатоците од турнирот се позитивни.

Избраниците на Зоран Петковски се победници на турнирот Вардар-“еден живот,една љубов“ во својата категорија.Турнирот се играше во периодот од 14-18 јануари во четири сали во Скопје.

Кадетите на Рк Вардар беа убедливи во сите натпревари,и на крај сосема заслужено се искачија на највисокото место.

1.РК Вардар-Рк Илинден 30:6
2.РК Вардар-Рк Вардар Карпош 27:6
1/2 РК Вардар-РК Вардар(пионери) 25:18
ФИНАЛЕ:РК Вардар-Хјс Работник 19:10

-Уште од самиот старт овој турнир го сфативме како сериозен предизвик.Во него влеговме без никакви калкулации,од натпревар во натпревар го дававме својот максиум,и рутинирано го газевме противникот.Сите во екипата одлично се сложуваме меѓусебно,како на теренот,така и во приватниот живот.Во ниеден момент не се опуштивме,игравме максимално дисциплинирано, како во нападот така и во одбраната и со лесно контри ги реализиравме шансите што ни ги пружеа противниците.

После овој турнир,продолжуваат подготовките за вториот дел од сезоната.

-Се на се можам да кажам дека впечатоцците од овој турнир се позитивни.Тука нема да застанеме,продолжуваме да работиме напорно и да се подготвуваме за пролетниот дел од сезоната,ни изјави Алија Амзоски за нашиот сајт.

22.01.2015

Звонко Ивановски

Leave a Reply