Бојан Најденов ќе биде најзвучното засилување за шампионот оваа сезона. Се работи за искусен, 28-годишен играч од средината на теренот кој има одличен преглед на играта, но и фантастичен удар од далечина што го покажала на многу наврати со спектакуларни погодоци во нашиот шампионат и надвор од него.
Најденов дојде во Вардар од тимот на Академија Пандев, а играше и за тимовите на Лачи, Ештегал, Шмуха, Хоризонт Турново и Работнички.
Треба да биде ,,моторот” на овој Вардар, заедно со Дарко Мицевски.
Видео од новото засилување: