Утрово, Платон Анжела и Марија Папуџиева во малата сала при СЦ „Јане Сандански“ во Скопје, за првпат имаа тренинг со кадетскиот тим на ЖРК Вардар. Покрај минатосезонските имиња, денес тимот доби уште едно засилување во ростерот.
Нов член на „Лавиците“ е Попова Нина, играч кој игра на позицијата пикер, а може да одговори и на задачите на левата бековска позиција. Таа минува во црвено-црниот тим од екипата на ЖРК Гевгелија. Родена е 2004 година, нејзината повозрасна сестра, Јасмина го засили првиот тим на ЖРК Вардар. Редакцијата на Вардар фанс и пожелува топло добродојде во вардаровиот тим.