Во сабота започнува новата сезона за ФК Вардар. По тој повод, ,,Комитите” излегоа со официјално соопштение за тоа каде и како ќе се бодри својот миленик.
После скоро шест месечна пауза започнува новата фудбалска сезона. Која за нас ќе биде една голема борба на два фронта. Лошата ситуација во Ф.К. Вардар и играњето на натпреварите без публика.
Ние не би биле ние ако го оставиме Вардар кога му е најтешко. Нека грми песна комитска пред градскиот стадион.
16:30 Пред влезот на западната трибина!
- Нагласуваме со почитување на мерките за заштита и задолжително носење МАСКИ, велат ,,Комити”.