Денеска и официјално започнува новата фудбалска сезона во ПМФЛ. Уште на самиот старт, шампионот ќе има можност да ги запише првите три бода и тоа против Борец од Велес.
Тренерот на Вардар, Васоски ги одреди почетните 11-мина за овој дуел. Аврамовски поради ситна повреда сепак го нема, а своја шанса како ,,џокери” ќе чекаат Блажевски и Најденов.
Составот на ФК Вардар: Илиќ, Петејчук, Најдовски, Мицевски, Колевски, Цветаноски, Наумчевски, Велкоски, Велковски, Попзлатанов и Реџепи.
На клупата останаа: Најденов, Блажевски, Петковски, Стојковски, Стојановски, Лазаревиќ и Радуловиќ – Величковиќ.