На стадионот во скопската населба Чаир со почеток во 13-00 часот на програмата е куп дуелот помеѓу скопските и тетовските црвено – црни. Најквалитетните два состава во македонскиот клубски фудбал се сретнуваат во првиот дуел од 1/4 финалниот куп двомеч. Викендов и двата состава во домашната лига имаа “кикс“ Вардар беше поразен кај Хоризонт Турново со 2-1, а Шкендија во тетовското дерби одигра реми со ФК Ренова. Победникот во овој дуел на двата милионски состави си го отвара патот кон куп трофејот.
Мечот на Чаир како и тој на Филип втори ќе мине без присуство на гостински навивачи како што е договорено помеѓу клубовите, федерацијата и министреството за внатрешни рабти на земјава. Главен судија на дуелот е најдобриот македонски судија Александар Ставрев. Мечот ќе може да го проследите во живо низ директен пренос на следниот линк ТУКА