После пауза од пет месеци, на терените се вратија и пионерите на фудбалскиот клуб Вардар. Генерацијата составена од играчи кои се родени 2004 година остануваат под водство на Сашо Тодоровски, кои вчера на теренот на Академијата го обработија својот тренинг.
Во преполовен состав тренираат пионерите, а од следната недела се очекува полека да се комплетира екипата. Нашиот медиум беше присутен на стартот од подготовките на вардаровите пионери, тренинг од кој ви носи фотогалерија.