Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Матеј Андов од Вардар се сели во Работнички
Матеј Андов од Вардар се сели во Работнички

Матеј Андов од Вардар се сели во Работнички

Фудбалскиот клуб Вардар загуби уште еден млад и перспективен играч.

Иако требаше да биде во ростерот на Васоски за оваа натпреварувачка сезона, сепак, младиот голман Матеј Андов (18), си замина од клубот и својата кариера ќе ја продолжи во тимот на Работнички. Андов потпишува три годишен договор со градскиот ривал на Вардар.

117690809_585394882342263_6621385908840668505_n

Андов со успешност го бранеше голот на Вардар во младите категории, а беше и дел од фудбалската репрезентација на Македонија до 19 години. Инаку потекнува од фудбалската школа на Форца, а во Вардар е од својата 12.година.

,,Вардар Фанс” уште пред три години пишуваше какви бисери има нашиот тим во младите категории, па еве денеска Ибиши ќе игра во Локомотива од Загреб, а Андов заминува во редовите на Работнички.