Во недела, Вардар го очекува натпревар од 2.коло во рамките на првата македонска фудбалска лига.
Црвено-црните гостуваат во Струмица, кај екипата на Академија Пандев, по потрага по првите бодови сезонава.
ФФМ ги одреди арбитрите за мечевите од 2.коло. На центарот на стадионот „Младост“ во Струмица, за глаен судија е делегиран Кирил Смоквоски ( Прилеп), додека негови помошници ќе бидат Зоран Костоски ( Прилеп) и Марјан Смилковски ( Прилеп), додека за четврти судија е одреден Марјан Гоцевски ( Струмица).
Дуелот во недела ќе се емитува на МТВ, со почеток од 16:55 часот.