На 48.турнир во Струга денес РК Вардар 1961 успеа да ја започне сезоната со победа. На првиот официјален меч по избивањето на пандемијата црвено-црните го совладаа тимот на Охрид со 27-22.
Вардарци по првиот дел имаа еден гол предност против Охрид. Нападот функционираше добро, но одбраната во првото полувреме и не баш. Шанса од новите добија само Вујин, Јотиќ и Векиќ, останатите шанса не добија, барем во првиот дел. Дуелот започна со гол на Вардар преку Дибиров. По шест минути игра со голот на Јотиќ, Вардар имаше предност од еден гол, 6:5. Охрид продолжи со добрата игра. Во нападот функционираа одлично, посебно со кружниот напаѓач. Во 20.минута, со петтиот погодок на Дибиров, Вардар израмни на 10:10. Последните десет минути од дуелот минаа изедначено на двете страни. Вујин имаше шанса да постигне гол за плус два, но ја погоди само стативата, па така на пауза се замина со еден гол предност за Вардар, 13:12. Во првиот дел Дибиров даде пет погодоци, а Јотиќ три.
Вардар беше во налет во вториот дел, постепено ја подигнуваше предноста од минута во минута, точно на средината на вториот дел ние водевме со пет гола (21-16). Потоа следена „стерилни“ пет минути за нас во нападот кога не успеавме да го совладаме Даниловски, нашиот ривал врза два погодока и намали на три негатива. Постот го прекинавме преку Талески кој се ефективен удар погоди, радува неговата адаптација во црвено-црниот дрес. Новиот среден бек, Гаџа, дебитанскиот гол во нашиот тим го постигна на 9.минути до крајот, новиот среден бек во тимот на Алушовски стрелше за предност со резултат 23-19. Димитриоски го потврди победникот, на 5 и пол минути до крајот од пенал стрелаше за 24-19. Победата дојде со резултат 27-22, Дибиров успеа да постигне седум гола и да биде прв стрелец.
РК Вардар: Тимур Дибиров 7, Гоце Георгиевски 3, Филип Талевски 3, Марко Вујин 2, Димитар Димитриоски 2, Иван Чупиќ 2, Патрик Валчак 1, Стојанче Стоилов 1, Глеб Калараш 1, Анте Гаџа 1, Јосип Векиќ 1, Томислав Јагуриновски, Борко Ристовски, Давид Гашевски, Мартин Карапалевски, Кристијан Дисингер, Ронин Катагрел.