Шампионот на Македонија, тимот на Вардар в недела ќе има уште една тешка задача пред себе со гостување во Струмица кај екипата на Академија Пандев.
Покрај заминувањето на Филип Најдовски, Вардар в недела ќе биде дополнително ослабен со неиграњето на двајцата новајлии Александар Игески и Милован Петровиќ, за кои ексклузивно објавивме дека веќе се дел од нашиот тим.
Од Вардар ни ја потврдија веста, дека и двајцата ќе почекаат за своето деби, кое ќе биде во третото коло од ПМФЛ.
Во овој момент Вардар бара нови играчи. Најтенка е позицијата одбрамбен играч каде во овој момент ги имаме младите Велкоски, Наумчевски и Манасиевски.
Да напоменеме дека сеуште без клуб се Брдаровски, Младеновски и Адем.