Клубот за Реално Аикидо „Вардар“, вчера конечно по прекинот на активностите поради светската пандемија со Ковид-19 која започна март месец, ја имаше првата активност. Конечно се одржа првиот тренинг по пауза од речиси пет месеца.
Истиот се одвиваше според протоколите за активности на отворено, поточно во Градскиот парк-Скопје. Во текот на оваа работна недела ќе има секој ден тренинг со почеток во 18.30часот, за викендите активностите во централниот парк во нашата метропола се закажани во 10.30 часот. Вака ќе се работи цел август, според планот од 1.септември, црвено-црните влегуваат во сала. Повторно ќе бидат активни двата објеката, тој во училиштето „Александар Македонски“ во Ново Лисиче и вториот, на ул.Козле број.20 на другата страна од градот, (види).