Струшкиот турнир беше првиот предизвик за вардарци во подготвителниот период. Во конкуренција на екипи од Македонија, Вардар успеа на крајот да го освои второто место.
На целокупниот турнир одигравме вкупно четири натпревари, на кои остваривме три победи и еден пораз. Во големото финале, подобар беше тимот на Еурофарм Пелистер.
Пред реванш дуелот од четврт-финалето против екипата на Нексе, кој е закажан на 29.август, црвено-црните ќе одиграат уште два контролни натпревари. Најпрво во четврток во С.Ц. Јане Сандански, повторно силите ќе ги одмериме со екипата на Еурофарм Пелистер, додека во сабота ќе се сретнеме со екипата на Металург.
Во периодот од 4-6.септември е закажан и завршниот турнир во СЕХА-лигата, додека на 16.септември, Вардар ја отвара новата сезона во ЛШ, со гостување кај екипата на Брест Мешков.