ОК Вардар ќе биде дел од ЦЕВ- Челинџ Купот, в петок црвено-црниот тим ќе ги дознае ривалите за главната рунда од натпреварувањето.
Минатата сезона „вардарци“ не успеаја да го минат квалификациското коло во дуелите со силниот чешки тим Карловарско, па оваа сезона се надеваме дека ќе имаме повеќе среќа. ЦЕВ денеска ја објави листата на сите пријавени екипи за ова натпреварување во сезоната 2020/21, кои патем се и потенцијални ривали за нашите тимови и тоа во 1/16-финалната фаза. За разлика од лани, сега има помал број на пријавени екипи, така што Вардар и Џио Струмица ќе ги скокнат квалификациите и директно почнуваат од главната фаза.
Дуелите од 1/16-финалето ќе се играат по принципот дома/гости. Првиот натпревар ќе биде во периодот од 3 до 5 ноември, додека реваншите ќе се одиграат меѓу 10 и 12 ноември. Во квалификациите ќе има само еден меч и тоа меѓу австриски Грац и победникот на Балканскиот куп.
извор:Спортмедија