ЖРК Вардар го одигра својот прв натпревар на летните подготовки, стануваше збор за пријателски дуел со екипата на РК Спартак Кисела Вода. Избраничките на Ристова Драгана и Александар Царчев доминираа во текот на целиот дуел остварувајќи победа со 15 гола позитива, односно со резултат 37:22.