Tuesday ,30 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > (ВИДЕО) СЕХА го претстави Вардар како клуб со 5 трофеи во СЕХА и 2 во ЛШ
(ВИДЕО) СЕХА го претстави Вардар како клуб со 5 трофеи во СЕХА и 2 во ЛШ

(ВИДЕО) СЕХА го претстави Вардар како клуб со 5 трофеи во СЕХА и 2 во ЛШ

Денес во Задар започнува завршниот турнир во СЕХА-лигата, на кој ќе играат најдобрите четири екипи. Вардар, Брест Мешков, ППД Загреб и Веспрем ќе се борат за трофејот во сезоната 2019/20.

Медија тимот на СЕХА-лигата го претстави Вардар, како актуелен освојувач на СЕХА-лигата и тимот кој има две Европски титули.

Клубот во пресрет на новата сезона го засилија Патрик Валчак, Томислав Јагуриновски, Гоце Георгиески, Ловро Јотиќ, Анте Гаџа, Филип Талески, Марко Вујин, Јосип Векиќ, Робин Кантегрел и Борко Ристовски.

Играчи кои го напуштија клубот: Даинис Кристопанс, Дејан Кукуловски, Сикошек Пелко, Сташ Скубе, Калифа Гедбан, Жозе Де Толедо, Данилл Шишкарев, Сергеј Горбок, Сергеј Горпишин и Артурс Кугис.

Во групата А го освоивме првото место, забележувајќи осум победи и два порази. Постигнавме вкупно 375 голови, додека примивме 347. Тимур Дибиров беше најдобар стрелец со 59 голови, додека Данилл Шишкарев постигна 42. Во 1/4 финалето го елиниравме тимот Нексе. На гостински терен триумфиравме со резултат 30:31, додека на домашен терен бевме поразени со резултат 25:26

Вардар е најтрофеен тим во СЕХА-лигата, со вкупно освоени пет трофеи. Црвено-црните станаа Шампиони во 2012, 2014, 2017, 2018 и 2019 година. На два пати успеа да ја покори Европа и да ја освои Лигата на Шампионите, тоа се случи во 2017 и 2019 година.

Погледнето го видеото наменето за Вардар, во пресрет на Ф4 турнирот во Задар.