Поранешниот ракометар на Вардар, играчот кој во два наврата беше дел од црвено-црниот тим, рускиот Сергеј Горбок реши да ја заврши кариерата.
Како што пренесува белорускиот портал „Пресбол“, иако најпрвин имаше желба за нова средина, рускиот бек сепак реши да стави крај на богатата кариера, како што се наведува во веста сепак одлуката би можела да се промени во иднина. Тој решил да продолжи со живеење во Скопје.
Најблескавите свои партии ги имаше во Вардар, Рајн Некар Левен и Пик Сегед. Во долгогодишната кариера беше дел и од тимовите на Аркатрон Минск, Запорожје, Целје и Чеховски Медведи.