Се вратија возбудувањата во ПМФЛ по еднонеделната пауза. Денеска, од 16.00 часот на програмата е скопското дерби помеѓу екипите на Вардар и на тимот од Чаир
Вардарци за време на паузата регистрираа дури шест нови имиња, па така сега значително засилени ќе влезат на овој дуел. Се очекува Мирчевски и Чарлестон да стартуваат од првата минута, а во комбинација за настап по ситната повреда се враќа и Матеј Цветаноски. Сите други играчи се подготвени да го дадат максимумот.
Од другата страна стои силно засилена екипа, која во својте редови го има најдобриот напаѓач во ПМФЛ, Дарбо кој оваа сезона е на шест погодоци од четири натпревари.
Едно е јасно, не очекува многу интересен дуел. Се надеваме на крајот со добра игра и победа на ,,црвено – црните”.