Денес во првото коло од ЛШ, свое деби за црвено-црните во шампионската лига ќе има македонскиот репрезентативец, Филип Талески. Тој го засили актуелниот Европски првак ова лето. За првиот предизвик во елитата тој вели:
Почнува новата сезона во Лигата на шампиони. Се соочуваме со добро позната екипа против која Вардар изминативе години има одиграно многу натпревари во СЕХА-лигата и Лигата на шампиони. Се знаеме добро и минатата сезона се сретна Вардар со Брест Мешков, оваа година ги гледавме на фајнл-форот во СЕХА. Максимално сме подготвени, но малку е невообичаено што овие неколку натпревари што ги имавме сезонава ги игравме без публика, што за нас е малку чудно, но таму ќе има навивачи и за нив тоа е плус. Вардар изминативе години покажа дека нема тежок терен, дали тоа било во гости или дома, ракометарите на овој тим секогаш го даваат максимумот и на терен го покажуваат карактерот, каде и да се игра, се игра до последна минута. Се надевам на добар резултат и да се отвори сезоната со позитивна атмосфера. Изминатиот период доста ја анализиравме нашата игра и секако играта на противниците, така да мислам дека веќе сме свесни што не чека и што значи да се игра за Вардар- вели Талески.