Денес започнува новата сезона во ЛШ за актуелниот Европски првак, Вардар 1961. Гостуваме во Белорусија кај екипата на Мешков Брест, во нивните редови настапува поранешниот вардарец, Сташ Скубе. Тој за медиумите даде видување пред овој дуел:
Натпревар против Вардар е навистина посебен за мене. Најубавите моменти и години во кариерата ги минав во Скопје, таму оставив голем број пријатели. Чудно е да се игра против добри пријатели, сепак на терен мора да бидеме професионалци. Се слушаме со колегите од Вардар, се видовме во Задар на Ф4-турнирот во СЕХА. Ама не разговаравме за претстојниот натпревар. Тимот има многу нови играчи, ама рано е да се носат било какви заклучоци. Кога јас дојдов во Скопје губевме пријателски, па потоа станавме европски шампиони. Актуелниот Вардар нема многу ѕвезди како претходно, ама сигурен сум дека ќе биде опасен за секој тим оваа сезона во Лигата на шампионите.