Конечно започнува Женската сениорска лига, првиот напревар од сезоната 2020/2021 година ќе се одигра во петок. На 18.септември со почеток во 16-00 часот гостуваме во Струга кај секогаш незгодниот тим на домашен терен, ЖРК Стружанка.
Вардар оваа сезона ќе игра со значајно изменета бековска линија, од која заминаа: Николиќ, Гоцевска, Ангеловска, Седлоска, Коларовска, Божиновска и Грозданоска. На нивно место пристапија: Цветковска, Лазаровска, Попова, Стојановска и Тошевска. Во другите линии го задржавме ростерот. Наскоро ќе биде спроведен ковид-19 тест над девојките по кој тие ќе бидат подготовени за битка.