За утре е закажан стартот на ракометната Лига на Шампиони. Во 1.коло од сезоната 2020/2021 РК Вардар 1961 игра на гости кај Мешков Брест. Глеб Калараш, за рускиот портал “Брз центар“, даде интересна изјава:
Сега сите плаќања се вршат во целост и на време.Мислам дека сега и не е толку тешко како што беше во претходните години.Во клубот нема скапи играчи, плус договорите се намалија во ова време на коронавирус. Инаку што се однесува за тоа што ни се долгува, ние имаме писмена гаранција од Сергеј Самсоненко дека до крајот на 2020 година ќе ни биде се исплатено- вели Калараш.
За тоа дали Вардар е во врвна форма, русинот го изјави следното.
На добар пат сме да ја достигнеме таа врвна форма.Добро сме подготвени, и на физички и на психички план. Остануваат само некои детали да се доработат, да играме уште побрзо. Што се однесува до пикерите тука сме тројца ви комбинација. Сите тројца, заедно со Стоилов и Валчак работиме за доброто на клубот. Не гледаме точно кој колку игра, дали јас 10, а Столе или Патрик по 25 минути. Од никого не си ја крадиме минутажата, кога Вардар победува сите се радуваме, сите смет среќни и задоволни. Вардар во минатото беше “навикнат“ на шпански систем на игра. Јасно е дека се обидуваме да останеме на тие шеми.