Saturday ,20 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > ЕХФ: РК Вардар е осми фаворит за титулата во ЛШ
ЕХФ: РК  Вардар е осми фаворит за титулата во ЛШ

ЕХФ: РК Вардар е осми фаворит за титулата во ЛШ

Утре започнува  новата сезона во машката  Лига на шампионите, ЕХФ го презентираше  т.н. power ranking, односно рангирање на клубовите учесници според тоа како се засилиле во преодниот рок и во каква форма е нивната екипа во оваа рана фаза од сезоната.

Сеуште актуелниот европски првак, РК Вардар е во топ-10 фаворити во ова рангирање. Црвено-црните се наоѓаат на   на осмото место. Од ЕХФ ги препознаваат темелните промени кои се случија во клубот и затоа велат, тренерот Алушовски го чека голема работа.

„Десет играчи го напуштија Вардар ова лето, а девет пристигнаа, што значи, Стевче Алушовски ќе мора повторно од почеток. Доаѓањето на Марко Вујин и Борко Ристовски ќе го донесе толку потребното искуство. Во нивното прво натпреварувачко појавување во новата сезона, шампионите од 2019 стигнаа до финалето на СЕХА-лигата’“, пишуваат од ЕХФ.