Новата сезона во Лигата на шампионите за Вардарци ќе започне со патување во Белорусија и гостување кај екипата на Мешков Брест.
Белорускиот шампион е доста добро познато ракометно име кое секоја година одигрува натпревари со нашиот Вардар, дали билe тоа дуели од ЛШ или од СЕХА – лигата. Денешниот противник на Вардар располага со широк ростер на играчи, а главни адути на тимот се екс ракометарот на ,,црвено – црните” Сташ Скубе и несуденото засилување на вардарци Дмитри Санталов. И двајцата се нови ракометари на тимот, но уште низ настапите во Задар покажаа дека ќе бидат најголеми засилувања за тимот оваа сезона. Покрај нив двајца, тука се и секогаш незгодните Паниќ, Ваилупов и Пачковски.
Посакуваме денеска Скубе да нема свој ден. Иако се шпекулираше дека Сташ нема да игра, сепак е во составот и е спремен за денешен настап.
МЕШКОВ БРЕСТ
Дојдоа: Павел Пачковски (Келце), Владимир Врањеш (Татабања), Сташ Скубе (Вардар), Димитри Санталов (Ч.Медведи)
Натпреварот Мешков Брест – Вардар се игра денес со почеток од 18:45 часот со директен ТВ пренос на Арена 4.