Thursday ,28 March 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Втора контролка за „лавиците“, попладнево гостуваме кај Ѓорче
Втора контролка за „лавиците“, попладнево гостуваме кај Ѓорче

Втора контролка за „лавиците“, попладнево гостуваме кај Ѓорче

Кадетскиот состав на ЖРК Вардар денес ќе го одигра својот втор контролен дуел за време на овие летни подготовки. Во првиот наппревар ние го совладавме сениорскиот тим на РК Спарткат Кисела Вода во „Круме Кепевски“.

Девојките на Анжела Платон и Марија Папуџиева денес ќе гостуваат кај екипата на ЖРК Ѓорче Петров. Натпреварот ќе се одигра во 18:30 часот во салата во населеното место Волково. Целиот ростер е на располагање за овој дуел, за разлика од првиот меч кога капитенот Коловска изостана поради повреда.