Tuesday ,30 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Вардар со многу мака во 1/8 финалето на Купот
Вардар со многу мака во 1/8 финалето на Купот

Вардар со многу мака во 1/8 финалето на Купот

Фудбалерите на Вардар со многу мака ја прескокнаа првата ,,пречка” во фудбалскиот Куп на Македонија. Попладнево во Гостивар, Вардарци иако водеа со 0:2, сепак на крајот мораа по пенали да се вадат. Се беше комотно до 60.минута, потоа во игра влегоа неколку млади играчи и работата се искомпликува. За среќа по Вардар, на пенали беа поуспешни за пласман понатаму.

На овој натпревар Васоски ги одмори своите стандардни фудбалери, а шанса им даде на оние играчи кои воглавно беа на клупата во шампионатот, или воопшто не добиваа шанса. По првиот дел, во еден комотен натпревар, Вардар дојде до предност од еден гол. Над Дејан Блажевски беше направен чист пенал. Токму Блажевски ја зеде топката и во 38. минута стрелаше прецизно за водство на Вардар од 0:1. Со овој резултат се замина на пауза.

Во вториот дел, Вардар бргу постигна уште еден погодок. Се играше 57.минута, Петровиќ со одлична топка го пронајде Мирчевски, кој биеше само во голманот на домаќинот, топката се одби до Петковски кој со прецизен удар по средина на голот зголеми на 0:2. По голот, домаќинот имаше обид кон голот на Игески, кој без проблеми ја скроти топката. Се играше 72. минута, а домаќинот преку пенал намали на 1:2. Шок за Вардар, по две минути домаќинот израмни и на 2:2. До крајот на дуелот немаше промени на резултатот, па така се замина на изведување на пенали.

По голема драма и пенал-рулет од дури 18 пенали, Вардар го елиминира Вардар Форино со 8-9 за пласман понатаму.