Мартин Радуловиќ-Величковиќ иако предвреме го напушти теренот на натпреварот со Беласица, нема ништо посеризно и тренерот Васоски може да смета на него во наредниот период.
Во 80 минута од дуелот Величковиќ се пожали на грчеви во нозете, па мораше да биде заменет. Сепак, младиот 18 годишен играч од дефанзивната линија на шампионот се чувствува добро и ќе продолжи со тренинзите.
Величковиќ силно се наметна кај тренерот Васоски и секој натпревар го започнува во стартните 11. Вардар ја победи Беласица со резултат 2:1, додека во следното коло гостува кај екипата на Пелистер.
ФОТО: Вардар фото галерија