Thursday ,14 November 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Одложен натпреварот на Вардар против Пик Сегед
Одложен натпреварот на Вардар против Пик Сегед

Одложен натпреварот на Вардар против Пик Сегед

Натпреварот од 3. коло на А групата во Лигата на шампионите меѓу ПИК Сегед и Вардар 1961 е одложен на барање на домаќините. Средбата беше планирана за 1 октомври во Унгарија.

Причината за откажувањето на натпреварот е што домашниот тим пријави дека има нови играчи позитивни на Ковид-19 и дека поради здравствените правила во земјата мора да се замине во карантин што ќе трае најмалку една недела, а можеби и подолго.

По испратената информација од страна на ПИК Сегед до ЕХФ, решено е натпреварот да биде одложен.

За двата клуба ова е проблематично бидејќи веќе имаат по еден одложен натпревар токму поради Ковид-19. Минатата недела Вардар 1961 требаше да биде домаќин на Елверум, но Норвежаните бараа одложување со цел да се избегне влегување во карантин по пристигнувањето дома.