Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > Комити > ЕКИПА ПИВО – ФКВ: Доколку не се најде решение најдобра опција ќе биде да се направи рестарт на клубот
ЕКИПА ПИВО – ФКВ: Доколку не се најде решение најдобра опција ќе биде да се направи рестарт на клубот

ЕКИПА ПИВО – ФКВ: Доколку не се најде решение најдобра опција ќе биде да се направи рестарт на клубот

Ситуацијата во ФК Вардар не е ни малку добра, работите одат во лоша насока, а доколку не се реагира на време, клубот може да заврши под стечај, така барем вели во соопштението на една од најактивните подгрупи на Комити, ЕКИПА ПИВО – ФКВ.
Ви го пренесува нивното соопштение во продолжение:
Ситуацијата во ФК Вардар е статус кво веќе две години, ако не и повеќе. Муабетите „Си одам – не си одам“, „Ќе биде подобро“, „Ќе најдеме решение“ итн. се веќе излитени.
Добиваме многу лоши информации околу Вардар. Нашите извори велат дека, доколку не се најде решение за клубот до декември, клубот ќе оди под стечај, а во изминатиов период имало и незадоволство кое било изразено со штрајк од страна на дел од тренерите од младинската школа, на кој требале да се придружат и од првиот тим, заедно со стручниот штаб.
Ги охрабруваме стручниот штаб и играчите на првиот тим, како и сите тренери од младинската школа, односно од Академијата да излезат на прес, да ги кажат и посочат јавно проблемите во клубот, со цел да се најде решение што поскоро. Иднината на клубот е неизвесна и одговорност за оваа ситуација во која се најде и наоѓа клубот моментално мора некој да сноси.
Доколку не може да се најде долгорочно решение за Вардар, тогаш најдобра опција ќе биде да се направи рестарт на клубот, со цел да се изгубат од клубот сите пијавици кои го цицаат сите овие години. Чиста сметка – долга љубов.