Еден ракометар на Вардар се најде на поширокиот список на селекторот на Србија, за стартот на квалификациите за Европското првенство кое во јануари 2022 година ќе се одржат во Унгарија и Словачка.
Новиот стратег на Србија, Тони Џерона, го објави поширокиот список на играчи на кои ќе смета за натпреварите против репрезентациите на Грција и Белгија. На списокот се најде и Марко Вујин, за кој ова ќе биде враќање во репрезентацијата на Србија.
На поширокиот список се најдоа и поранешните вардарци, Мијајло Марсениќ, Дејан Милосављев и Илија Абутовиќ. Натпреварите против Грција и Белгија ќе се одиграат на 4 и 7.ноември, додека во групата се наоѓа уште и селекцијата на Франција.