Одложен е стартот на новата натпреварувачка сезона во младинските фудбалски лиги.
За претстојниов викенд беше предвиден старт на натпреварувачката сезона 2020/21 во младинските фудбалски лиги, но истиот е одложен.
Пионерските екипи утре требаше да го гостуваат во Куманово кај екипата на Еуроспорт, додека кадетите и младинците во недела требаше да бидат домаќини на истиов противник.
Сепак барем претстојниов викенд нема да има натпревари, а под голем прашалник е дали и воопшто сезонава ќе стартува.