Thursday ,25 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Супер Стоилов за нов рекорд во ЛШ!!!
Супер Стоилов за нов рекорд во ЛШ!!!

Супер Стоилов за нов рекорд во ЛШ!!!

Вардар 1961 ја запиша првата победа оваа сезона во Лигата на шампионите на ЕХФ откако го совладаа Фленсбург во Скопје со 31:26.

Актуелниот Европски шампион на овој натпревар беше воден од капитенот Стојанче Стоилов, кој го запиша својот најдобар поентерски натпревар во својата кариера кога е во прашање Лигата на шампионите.

Стоилов стрелаше на осум наврати на вчерашниот дуел од десет обиди, што за него е најдобро остварување во кариерата. Капитенот на ,,црвено – црните” својот најдобар поентерски натпревар до сега го имаше против тимот на Монпелје оваа година, кога седум пати се запиша во листата на стрелците.