Македонската фудбалска репрезентација до 17 години одигра без голови на првиот контролен натпревар против соодветната селекција на Србија.
На натпревар со неколку шанси на двете страни, на крајот мрежите мируваа, па натпреварот заврши со почетниот резултат 0:0. Селекторот на Македонија, Драган Канатларовски, шанса во стартниот состав им даде на двајца вардарови играчи. Се работи за Бесар Гуџуфи и Игор Јаневски, додека во вториот дел во игра влезе и Левент Ибраим.
Георг Стојановски кој исто така доби повик, денес не настапи, со оглед дека утре е во составот на Васоски за дуелот на Вардар против Академија Пандев. Денес, голот на Македонија го бранеа поранешните вардарци, Стефан Тасев кој сега е дел од првиот тим на Македонија ЃП, како и Васко Василев кој е дел од тимот на Црвена Ѕвезда во Србија.
Вториот контролен меч меѓу селекциите на Македонија и Србија ќе го одиграат в четврток од 11:00 часот на тренинг центарот „Петар Милошевски“.