Претстојниов викенд ќе продолжат натпреварите од 2.коло во младинските фудбалски лиги. Истото беше одложено минатиот викенд, но од ФФМ најавија дека натпреварите ќе продолжат. Противник за младите екипи на Вардар е тимот на Ренова.
Најпрво во сабота на теренот на Академијата, пионерските екипи се домаќини на Ренова. Натпреварите ќе стартуваат во термините од 10:00 и 12:00 часот.
Во недела на игралиштето на АМС СЦ Тетово, своите дуели ќе ги одиграат кадетите и младинците на Вардар. Најпрво од 09:00 својот натпревар ќе го одиграат кадетските екипи, додека во 11:00 часот ќе стартуваат и младинците.
По првото коло, сите екипи на Вардар се со максимални 3 освоени бодови.