Последни подготовки за РК Вардар во пресрет на натпреварот во ЛШ против екипата на Киелце. Утрово во С.Ц. Јане Сандански, момците на Алушовски одработија тренинг како подготовка за следниот дуел од ЛШ.
Натпреварот против Киелце ќе се одигра во четврток (19.ноември) со почеток од 18:45 часот. Вардар има одиграно три натпревари, на кои има скор од една победа, нерешен резултат и пораз.