Thursday ,28 March 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Среќен роденден „Трпе“, денес Ивона полни 19.години
Среќен роденден „Трпе“, денес  Ивона полни 19.години

Среќен роденден „Трпе“, денес Ивона полни 19.години

На денешен ден пред 19.години на свет дојде една  од најдобрите поединци на ЖРК Вардар, девојката со посебен талент, младинската репрезентативка,  Трпевска Ивона. Популарната „Трпе“  во моментов е прв стрелец на црвено-црните оваа сезона по 11.рунди, со просек од над 5 гола по одигран меч. Таа постојано си поставува се повисоки и повисоки стандарди кои ги надминува од меч во меч.

125905314_10218467064050079_7384081819995332954_o

Станува збор за екстра талентирана млада дама, со исклучителен „сенс“ за ракометната игра, неуморен работник и борец, играч „универзалец“  кој може да игра на двете крилни позиции. Дава максимум на теренот, најзините игри често се инспиративни за останатите, пркосна и моќна,  едноставно-вистинско богатство на црвено-црниот тим.

СРЕЌЕН РОДЕНДЕН ИВОНА!