Saturday ,20 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Во пресрет на 11.соочување, Киелце е подобар од Вардар во меѓусебните дуели
Во пресрет на 11.соочување, Киелце е подобар од Вардар во меѓусебните дуели

Во пресрет на 11.соочување, Киелце е подобар од Вардар во меѓусебните дуели

Утре во С.Ц. Јане Сандански продолжуваат ракометните возбудувања во Лигата на Шампионите. Во рамките на 7.коло, актуелниот Европски Шампион е домаќин на тимот на Киелце.

Во пресрет на овој дуел, ќе се позанимавме малку со нивните меѓусебни натпревари во Лигата на Шампионите. Двете екипи одиграле вкупно десет натпревари, а Киелце има позитивен скор во дуелите со црвено-црните.

Вкупно шест победи има полскиот шампион, на три пати победил Вардар, додека еден натпревар завршил со нерешен резултат.

Сите одиграни меѓусебни дуели на Вардар и Киелце во ЛШ:

Сезона 2014/15:

1/4 финале: Вардар – Киелце 20:22

1/4 финале: Киелце – Вардар  33:31

Сезона 2015/16 (групна фаза)

Вардар – Киелце  34:24

Киелце – Вардар  23:20

Сезона 2016/17 (групна фаза)

Вардар – Киелце  40:34

Киелце – Вардар  27:24

Сезона 2018/19 (групна фаза)

Киелце – Вардар  31:27

Вардар – Киелце 28:27

Сезона 2019/20 (групна фаза)

Вардар – Киелце  28:28

Киелце - Вардар  35:25

Утрешниот дуел ќе биде нивно 11.меѓусебно соочување, истиот ќе стартува од 18:45 часот со директен пренос на МТВ.