На денешен ден пред 19.години на свет дојде една од најдобрите поединци на ЖРК Вардар, девојката со посебен талент, младинската репрезентативка, Трпевска Ивона. Популарната „Трпе“ во моментов е прв стрелец на црвено-црните оваа сезона по 11.рунди, со просек од над 5 гола по одигран меч. Таа постојано си поставува се повисоки и повисоки стандарди кои ги надминува од меч во меч.
Станува збор за екстра талентирана млада дама, со исклучителен „сенс“ за ракометната игра, неуморен работник и борец, играч „универзалец“ кој може да игра на двете крилни позиции. Дава максимум на теренот, најзините игри често се инспиративни за останатите, пркосна и моќна, едноставно-вистинско богатство на црвено-црниот тим.
СРЕЌЕН РОДЕНДЕН ИВОНА!