Овој викенд се враќаат возбудувањата во Првата фудбалска лига на Македонија. Во рамките на 12.коло, актуелниот шампион Вардар му гостува на одличниот тим на Борец од Велес.
Овој натпревар поради ТВ пренос ќе биде помесен ден порано, односно ќе биде одигран во сабота со почеток од 13.00 часот.
За Вардар ова ќе биде сериозен тест, бидејќи тимот на Борец игра одлично во текот на оваа сезона и се наоѓа на четвртата позиција на табелата со 19 освени бодови, шест повеќе од Вардар кој засега е на осмата позиција.