Претстојниов викенд не очекува 4.коло во младинските фудбалски лиги. На програмата е градското дерби меѓу екипите на Вардар и Работнички. Пионерските екипи се домаќини на теренот на Академијата, додека кадетите и младинците ќе гостуваат на теренот на „Алумина“.
Сите натпревари со екипата на Работнички ќе се одиграат во сабота (21.11). Пионерските екипи своите натпревари ќе ги стартуваат во термините од 10:00 и 12:00 часот. Во истите саатници, кадетите и младинците во сабота ќе гостуваат на градскиот ривал.
После три одиграни кола, помладите пионери и кадетите се наоѓаат на првото место, додека пионерите и младинците се сместени на третата позиција.