Friday ,18 October 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Дуелот Борец – Вардар во сабота
Дуелот Борец – Вардар во сабота

Дуелот Борец – Вардар во сабота

Овој викенд се враќаат возбудувањата во Првата фудбалска лига на Македонија. Во рамките на 12.коло, актуелниот шампион Вардар му гостува на одличниот тим на Борец од Велес.

Овој натпревар поради ТВ пренос ќе биде помесен ден порано, односно ќе биде одигран во сабота со почеток од 13.00 часот.

За Вардар ова ќе биде сериозен тест, бидејќи тимот на Борец игра одлично во текот на оваа сезона и се наоѓа на четвртата позиција на табелата со 19 освени бодови, шест повеќе од Вардар кој засега е на осмата позиција.