Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Штета што утре нема да има навивачи во сала: Во Скопје е миленикот на вардаровата публика
Штета што утре нема да има навивачи во сала: Во Скопје е миленикот на вардаровата публика

Штета што утре нема да има навивачи во сала: Во Скопје е миленикот на вардаровата публика

Игор Карачиќ се врати во Скопје, но повторно во друг дрес. Миленикот на навивачите на Вардар утре со својот тим Киелце ќе го предизвикаат сеуште актуелниот Европски шампион, тимот на Вардар.

Секако дека овој натпревар ќе пробуди големи емоции кај некогашниот миленик на вардаровата публика, кој низа на години го носеше нашиот дрес, а беше и еден од најзаслужните за двете шампионски титули на Вардар. Иако изминатово лето постоеше голем оптимизам дека Карачиќ би можел повторно да се врати во ,,црвено – црниот” дрес, сепак таа можност остана отворена за во иднина, па така Игор утре повторно ќе го води својот тим против некогашните колеги и добри пријатели од Скопје.

Штета што нема да има утре публика во Скопје, па уште еднаш Карачиќ да има можност да почувствува колку го сака оваа вардарова публика… Со овации и со песна да биде пречекан во Скопје, нешто што веќе го искуси играјќи токму за овој утрешен противник.

Еве како изгледаше првиот пречек на Кара во Скопје: