Friday ,18 October 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Ракометното дерби Вардар – Киелце со пренос на МТВ
Ракометното дерби Вардар – Киелце со пренос на МТВ

Ракометното дерби Вардар – Киелце со пренос на МТВ

Утре во С.Ц. ,,Јане Сандански” продолжуваат ракометните возбудувања во Лигата на шампионите. Во рамките на 7.коло, актуелниот Европски шампион Вардар е домаќин на тимот на Киелце.

Овој дерби натпревар од Скопје сите љубители на ракометот и на ,,црвено – црните” бои, ќе можат да го проследат низ директен ТВ пренос на МТВ 1 и МТВ 3.

Очекуваме добра партија на двете екипи и на крајот секако победа на нашиот Вардар. Добрата вест е тоа што сите ракометари кај Вардар се подготовени за овој натпревар, за жал пред празни трибини.

Дуелот утре, започнува од 18:45 часот.