Friday ,18 October 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Мицевски: Секој фудбалер гори од желба да настапи за својата земја!
Мицевски: Секој фудбалер гори од желба да настапи за својата земја!

Мицевски: Секој фудбалер гори од желба да настапи за својата земја!

Фудбалската репрезентација на Македонија вечерва ќе ја има последната ,,пречка” пред промоција во Лигата Б во УЕФА Лигата на нации. Иако избраниците на Игор Ангеловски ја остварија главната цел, вечерва одат на нова победа во дуелот со селекцијата на Ерменија.

Во составот на денешниот дуел се наоѓа и капитенот на ФК Вардар, Дарко Мицевски за кој ова ќе биде втор натпревар во А селекцијата. Капитенот на Вардар вели дека секој фудбалер гори од желба да игра за својата земја и дека не чувствува притисок.

,,Секогаш е чест да се биде дел од националната репрезентација. Ќе се обидам да ја искористам шансата. Не чувствувам притисок од тоа што ќе мора да менувам играчи како Елмас, Адеми, Барди во средниот ред. Секој фудбалер гори од желба да настапи за својата земја” , вели Мицевски.

Средбата Ерменија-Македонија е закажана да започне од 18 часот.