Утре, РК Вардар го пречекува лидерот на групата во ЛШ, тимот на Киелце од Полска. За овој напревар од елитната европска лига двајца играчи на црвено-црните дадоа свое видување:
Дибиров: Натпреварите меѓу Вардар и Келце се како ракометна класика. Секогаш е неизвесно и навистина во Скопје чекаме неизвесен меч. Натпреварот со Фленсбург покажа дека нема многу разлика во квалитетот. Келце е една од екипите против која е најтешко да се подготвуваш. Имаа фантастични играчи како Карачиќ, Душеваев, ќе биде тешко, но нашата шанса е дома да направиме добар резултат. Верувам во нашата екипа, затоа што без разлика дали губиме или победуваме на натпреварите излегуваме со самодоверба.
Дисингер: Целата сезона беше тешка за нас, бидејќи немавме натпревари. Не знаеме каде сме во моментов и мислам дека е тешко за нас, бидејќи не играме ниту во СЕХА ниту во Македонија, па искрено не можам да очекувам ништо во моментов. Одигравме три натпревари во три месеци. Секако дека сакаме да победиме, ама со сигурност нема да биде лесно.
Киелце игра на повеќе фронтови и е на половина сезона, додека ние се обидуваме да ја почнеме, ама имаме големи проблеми. Притисокот е тука, тие добро котираат во групата, ама ние мора да се размислуваме за победа и да бидеме на добра позиција зимава. Сепак, сигурно е дека и противникот ќе сака да победи.
Двете екипи имаат одиграно десет меѓусебни дуели во ЛШ, на кој Киелце има позитивен скор. Утрешниот натпревар во С.Ц. Јане Сандански ќе стартува од 18:45 часот со директен пренос на МТВ.