Friday ,29 March 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Денес и утре ќе се одиграат натпреварите од 7.коло во ЛШ
Денес и утре ќе се одиграат натпреварите од 7.коло во ЛШ

Денес и утре ќе се одиграат натпреварите од 7.коло во ЛШ

Денес и утре ќе се одиграат натпреварите од 7.коло во Лигата на Шампионите.

На денешната програма се два натпревари од групата А. Екипата на Фленсбург на домашен терен ја пречекува екипата на Брест Мешков. И двете екипи имаат одиграно по пет натпревари, Фленсбург има четири победи и еден пораз, додека Брест Мешков има скор од три победи и два порази. Дуелот стартува во терминот од 18:45 часот.

На вториот натпревар денеска, Порто е домаќин на ПСЖ. Избраниците на Гонзалез лошо играат сезонава во ЛШ, на четири одиграни натпревари имаат само една победа и дури три порази. Порто пак ги има одиграно сите шест натпревари, на кои забележа две победи, два нерешени и два порази. Натпреварот започнува од 18:45 часот.

Утре ќе се одигра единствениот дуел од оваа група, на кој Вардар е домаќин на Киелце. Полскиот Шампион е лидер во групата со 9 освоени бодови, но Киелце ги има одиграно сите шест натпревари. Вардар има 3 бодови од три одиграни натпревари. Дуелот ќе започне од 18:45 часот.

Натпреварот меѓу Пик Сегед и Елверум е одложен.