Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Алушовски и Чупиќ: Киелце ги казнуваше нашите грешки и заслужено победи
Алушовски и Чупиќ: Киелце ги казнуваше нашите грешки и заслужено победи

Алушовски и Чупиќ: Киелце ги казнуваше нашите грешки и заслужено победи

Вардар го претрпе и вториот пораз сезона во Лигата на Шампионите. Вечерва во С.Ц. Јане Сандански црвено-црните загубија од екипата на Киелце (29:33). Немавме сили да одиграме цел натпревар во силно темпо, противникот се покажа како подобар и на крајот ги освои бодовите.

После завршување на дуелот, Алушовски, има ја честиташе победата на Киелце.

-Честитки за Киелце за победата, тимот покажа една убава ракометна партија. Се она што ние го погрешивме, тие го казнија. Во второто полувреме успеавме да се вратиме, поведовме една разлика, имавме шест на четири ситуација која не ја искористивме. Тоа екипа како Киелце знаеше да го казни. На крајот тие беа подобар тим и во реализацијата и во играта во напад. Немавме решение за Алекс Душебаев кој одигра фантастична партија. Честитки за мојот тим за залагањето и за она што го прават на тренинг, истакна Алушовски.

Чупиќ истакна дека Киелце ги казнувал сите нивни грешки и дека на крајот заслужено победил.

-Добро го отворивме натпреварот со 5-1 во одбрана и брза игра имавме солиден старт. Знаевме дека Киелце е тим кој многу трча и ги казнува сите грешки, бевме подготвени на нивната игра, но потоа се случи она што не требаше да се случи. Во вториот дел се вративме по добрата 6-0 одбрана, не му дававме на противникот многу простор за пивотот и играта еден на еден, го знаевме квалитетот на Карачиќ и Душебаев, направивме еден „брејк“ и поведовме со еден гол.

Имавме и една поволна позиција шест на четири поради исклучувања во Киелце, ама Волф влезе во ритам, па ние направивме две-три глупости и тоа екипа како нашиот противник, кој е во врвот на европскиот ракомет, знаеше тоа добро да го казни. Тешко е на десет минути пред крај да бркаш три гола негатива со таков квалитетен противник. Киелце ни даде пример како треба да се однесуваме кон топката. Како што Талант вели, секогаш се игра за два бода. Победи подобрата екипа на овој меч. Тешко е со екипи како Киелце, ПСЖВеспрем… да се вадиш од црни дупки“,